За нас
Инвест А ДООЕЛ Скопје, основана е во 2001 година како фирма членка на групацијата АДИНГ.
Главни изведбени активности на компанијата се:
-
Репарација и заштита на бетонски површини
Санација на потпатници, натпатници, мостови, тунели, канали и АБ конструктивни елементи со репаратурни малтери, саморазливни цементни смеси, антикорозивна и хемиска заштита на бетонски површини. -
Инјектирање на пукнатини
Санација на конструктивни пукнатини и пукнатини со активен продор на вода со залевање и инјектирање на материјали на епоксидна, полиуретанска и цементна основа. -
Залевање на крански греди и фундаменти
Залевање на крански стази и фундаменти со епоксидни смоли и готови саморазливни цементни смеси -
Дилатациони системи
Изведба на дилатациони подни и ѕидни системи со примена на еластомерни заптивни профили, ЕПДМ и фугебанд траки, како и завршни вградни и надградни дилатациони лајсни. -
Зелени кровови
Изведба на зелени екстензивни кровови и дренажни системи. -
Хидроизолации
Изведба на хидроизолации, прекини на бетонирања и зачепување на продори на вода на подземни конструкции, проодни и непродни рамни кровови, резервоари, пречистителни станици, балкони, тераси, санитарни јазли, со материјали на цементна, акрилатна, ПВЦ, полиуретанска, ТПО, ЕПДМ, катранско-епоксидна и битуменска основа. -
Подни системи
Изведба на индустриски, гаражни и спортски подни системи со примена на епоксидни, цементни, полиуретански материјали и спортски акрилатни и ПВЦ подови. -
Противпожарни системи
Изведба на противпожарни системи за заштита на електрични кабли и челични конструкции со времетраење на противпожарна заштита до 60 минути. -
Фасади и декоративни премази
Изведба на контактни фасади, декоративни малтери, завршна обработка на фасадни и внатрешни ѕидови, базени, асфалтни и бетонски површини.
Инвест А располага со квалитетен инженерски кадар од архитектонски и градежен профил, квалитетна работна рака и адекватна опрема и алат за дејностите што ги извршува.
ИНВЕСТ А континуирано се стреми кон набавка на нова специјализирана опрема, алат и технологии, за изведба на специфични градежни работи, кои на македонскиот простор се малку застапени. Оттука потекнува забележителната референтна листа на изведени санациони зафати и реконструкции на значајни административни и стопански објекти во Р. Македонија и регионот.