investa, инвеста, скопје, skopje, makedonija, македонија, градежни работи, градежно занаетчиски, водовод и канализација, vodovod i kanalizacija, instalacii, инсталации, санација, sanacija, gradeznistvo

investa

За нас

Инвест А ДООЕЛ Скопје, основана е во 2001 година како фирма членка на групацијата АДИНГ.

Главни изведбени активности на компанијата се:

  • Репарација и заштита на бетонски површини
    Санација на потпатници, натпатници, мостови, тунели, канали и АБ конструктивни елементи со репаратурни малтери, саморазливни цементни смеси, антикорозивна и хемиска заштита на бетонски површини.
  • Инјектирање на пукнатини
    Санација на конструктивни пукнатини и пукнатини со активен продор на вода со залевање и инјектирање на материјали на епоксидна, полиуретанска и цементна основа.
  • Залевање на крански греди и фундаменти
    Залевање на крански стази и фундаменти со епоксидни смоли и готови саморазливни цементни смеси
  • Дилатациони системи
    Изведба на дилатациони подни и ѕидни системи со примена на еластомерни заптивни профили, ЕПДМ и фугебанд траки, како и завршни вградни и надградни дилатациони лајсни.
  • Зелени кровови
    Изведба на зелени екстензивни кровови и дренажни системи.
  • Хидроизолации
    Изведба на хидроизолации, прекини на бетонирања и зачепување на продори на вода на подземни конструкции, проодни и непродни рамни кровови, резервоари, пречистителни станици, балкони, тераси, санитарни јазли, со материјали на цементна, акрилатна, ПВЦ, полиуретанска, ТПО, ЕПДМ, катранско-епоксидна и битуменска основа.
  • Подни системи
    Изведба на индустриски, гаражни и спортски подни системи со примена на епоксидни, цементни, полиуретански материјали и спортски акрилатни и ПВЦ подови.
  • Противпожарни системи
    Изведба на противпожарни системи за заштита на електрични кабли и челични конструкции со времетраење на противпожарна заштита до 60 минути.
  • Фасади и декоративни премази
    Изведба на контактни фасади, декоративни малтери, завршна обработка на фасадни и внатрешни ѕидови, базени, асфалтни и бетонски површини.

 

Инвест А располага со квалитетен инженерски кадар од архитектонски и градежен профил, квалитетна работна рака и адекватна опрема и алат за дејностите што ги извршува.

ИНВЕСТ А континуирано се стреми кон набавка на нова специјализирана опрема, алат и технологии, за изведба на специфични градежни работи, кои на македонскиот простор се малку застапени. Оттука потекнува забележителната референтна листа на изведени санациони зафати и реконструкции на значајни административни и стопански објекти во Р. Македонија и регионот.

 

Инвест А е членка на Групацијата Адинг


a a investa a

 

a a a a